Monthly Archives: April 2019

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ АНЃУШЕВ И МИНИСТЕРОТ НИКОЛОВСКИ: ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ОД ОПШТИНИТЕ ЗА МЕРКИТЕ ОД ПРОГРАМАТА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ ЗА 2018 ГОДИНА, ДОСТАВЕНИ 206 БАРАЊА ВО ВРЕДНОСТ ОД 38 МИЛИОНИ ЕВРА

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница ја усвои Информацијата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во врска со вложувања во инфраструктурни проекти финансирани од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година. Со оваа одлука се одобруваат околу 38 милиони евра за реализација на проекти за капитални инвестиции на општините преку мерките ...

Read More »

Премиерот Заев на регионалната конференција „Зајакнување на капацитетите на Координативните центри за интегрирано гранично управување“

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која придружувани од директорот на Царинска управа на РСМ, Ѓоко Танасоски денеска имаа свое обраќање на почетокот на дводневната регионална конференција на тема „Зајакнување на капацитетите на Координативните центри за интегрирано гранично управување“. На оваа регионална конференција учествуваа претставници на граничните и ...

Read More »

Состојба на Патиштата, Вторник, 02.04.2019

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради изведување на градежни работи (рехабилитација на асфалтот) на патниот правец А2 Кичево – Охрид (помеѓу планинскиот превој Пресека и с.Песочан) од 02.04.2019 сообраќајот ке се одвива под посебен режим т.е. преминување од една во друга коловозна лента. На местата на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. ...

Read More »

Премиерот Заев и министерот Бектеши на средба со хотелиери: Заеднички да ги унапредиме услужните дејности за побрз развој на туризмот

„Оваа Влада го смета туристичкиот сектор за непроценлив ресурс за развој на економијата. Бројките се добри, минатата година надминавме 1 милион туристи со 3 милиони ноќевања, таргетот за годинава е 1,3 милиони туристи со 4 милиони ноќевања и девизен прилив од овој сектор од 420 милиони американски долари. Светот го движат услугите, а ние треба да се подготвиме да ја ...

Read More »

Министрите Манчевски и Поповски се обратија на конференцијата на тема: „Лажни вести за Договорот од Преспа“- Најголемото оружје против лажните вести е вистината!

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, денеска се обратија на конференцијата на тема: „Лажни вести за Договорот од Преспа“, што се одржува во Атина, Р. Грција.   Како што потенцираа во своите воведни обраќања министерот Манчевски и министерот за дигитални политики, телекомуникации и медиуми на Р. ...

Read More »

Премиерот Заев на 20- годишната конференција на АД Македонска Берза: Стабилната иднина и интеграциските процеси се мотивација за инвеститорите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска имаше свое воведно обраќање на јубилејната 20 годишна конференција во организација на АД Македонска берза, на којашто се обратија и извршниот директор на АД Македонска берза, Иван Штериев и директорката на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, Нора Алити. Во продолжение, во целост ви го пренесуваме обраќањето ...

Read More »

Состанок на МНР Никола Димитров со делегацијата од COWEB/COELA од Брисел

МНР Никола Димитров, денес одржа средба со делегација од Брисел од составот на работните групи COWEB (за Западен Балкан) и COELA (за проширување) од Европската унија. Делегацијата од COWEB/COELA е во работна посета на Република Северна Македонија, во организација на Делегацијата на ЕУ во Скопје и Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, со цел размена на мислења и ...

Read More »

Состојба на Патиштата, Понеделник, 01.04.2019

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. ВАЖНО: Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ...

Read More »