Главни Вести

Спасени уште 149 граѓани од Авганистан за кои Северна Македонија обезбедува привремен престој

Република Северна Македонија останува посветена како дел од меѓународната хуманитарна акција за помош на граѓани од Авганистан кои во изминатиов период работеа на подобрување на човековите права, демократијата и мирот. Доцна синоќа на Меѓународниот аеродром во Скопје пристигна нова група од 149 граѓани од Авганистан. Станува збор за стипендисти на Фондациите Отворено општество и граѓани кои работеа во меѓународните мисии ...

Read More »

Владина делегација се поклони пред споменикот на Гоце Делчев по повод 23 Октомври

Владина делегација составена од Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје по повод одбележувањето на „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“. Република Северна Македонија денеска го чествува ...

Read More »

Претседателот Пендаровски се обрати на Младинскиот самит за климатски промени во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на Младинскиот самит за климатски промени во Скопје – од Милано до Глазгов и понатаму.., иницијатива која е поддржана од УНИЦЕФ, а финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој (СИДА). Самитот е организиран во партнерство со Амбасадата на Италија, како еден од домаќините на Младинскиот самит за климатски промени на ОН, во Милано и ...

Read More »

Од 113-тата седница на Владата: Укинато е ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 113-та седница, меѓу другото, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии и објекти за исхрана). Со овие измени и дополнувања се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, ...

Read More »

Николовски: Македонската демократија имаше мирен, достоинствен изборен ден, им честитаме на граѓаните и институциите

Денеска, македонската демократија имаше мирен, достоинствен, европски изборен ден. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија им благодари и честита на сите граѓани кои денеска учествуваа во изборите и дадоа свој придонес да имаме успешен демократски ден. Им честитаме и на институциите кои спроведоа уште едни фер, слободни и демократски избори, како што и доликува на една модерна, демократска држава, членка на НАТО ...

Read More »

Премиерот Заев го прими холандскиот амбасадор Коп

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска го прими амбасадорот на Кралството Холандија во нашата земја Дирк Јан Коп. На средбата, се разговараше за учеството на Владината делегација, предводена од премиерот Заев на Самитот на Европската Унија за Западен Балкан во Словенија, вчера, на 6 октомври 2021 година. Премиерот Заев изрази задоволство од искажаната поддршка од лидерите ...

Read More »

Заев од Форумот на граѓанското општество на Западен Балкан

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска се обрати на Форумот на граѓанското општество на Западен Балкан кој се организира во нашата земја во пресрет на Самитот на ЕУ за Западен Балкан кој ќе се одржи на 6 октомври во Словенија. Во прилог на ова соопштение ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Заев во целост: „Ви посакувам ...

Read More »

Од средбата Заев, Макрон, Меркел и Радев: Потребен е поглед кон иднината

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во рамките на агендата за учество на Самитот на ЕУ за Западен Балкан оствари заедничка средба со претседателот на Република Франција Емануел Макрон, канцеларката на СР Германија Ангела Меркел и претседателот на Република Бугарија Румен Радев. На средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров, беше изразена ...

Read More »

Заев од пресот со фон дер Лајен: ЕУ да го забрза процесот на проширување затоа што блокадата ги храбри противниците на европското единство и вредности

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен којашто е во еднодневна работна посета на нашата земја. Премиерот Заев ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, придружувана од шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија амбасадорот Дејвид Гир по што беше одржана билатерална ...

Read More »

Премиерот Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е најдобриот проект во светот што гарантира демократија и слобода и затоа треба да го забрза процесот на донесување одлуки и тоа значи дека малите држави не треба да се третираат на ист начин како и големите држави“, вели претседателот на ...

Read More »