Вести

Претседателката на Врховниот суд оствари средба со амбасадорката на САД

Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, оствари средба со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Ангела Агелер. На средбата на која присуствуваа и судиите на Врховниот суд се говореше за повеќе прашања кои се однесуваат на независноста и самостојноста на судството. Беше истакнато дека независноста на судството е најсилната гаранција за владеењето на правото и дека интегритетот на судиите ...

Read More »

Северна Македонија рангирана 67 место од 142 држави во Индексот за владеење на правото

Северна Македонија е рангирана на 67 место меѓу 142 држави на најновата глобална листа според Индексот за владеење на правото на Светскиот проект за правда, објавена денеска, со оценка од 0,53 поени, иста како и во претходните три години. Според критериумот ограничување на моќта на властите, земјава е на 97 место со оценка 0,47, според отсуството на корупција на 75-то ...

Read More »

Бивши заменици министри за здравство негираат одговорност во Онкологија скандалот

Илир Хасани како заменик министер немал соработка со Венко Филипче а неговиот наследник Владимир Рендевски незнаел зошто Беким Сали го разреши Нино Васев од директор на Онкологија. Двајцата поранешни здравствени функционери за скандалот слушнале од медиумите а на бројни прашања од пратениците во Анкетната комисија не дадоа конкретни одговори бидејќи или немале увид во документација или не биле дел од ...

Read More »

ВМРО-ДПМНЕ во средба со премиерот на Унгарија Виктор Орбан

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски во Будимпешта остварил средба со претседателот на партијата ФИДЕШ и премиер на Унгарија, Виктор Орбан. Како што соопштија од ВМРО – ДПМНЕ, на средбата биле констатирани одличните и пријателски односи меѓу двете партии, и станало збор за реализација на стратешките цели на Македонија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ...

Read More »

Пет македонски државјани чекаат евакуација од Појасот Газа

Вкупно пет македонски државјани чекаат да бидат евакуирани од Појасот Газа. Станува збор еден брачен пар и за татко со две деца, чија жена е Палестинка, а нивната евакуација ќе зависи од одлуката на Египет да ја подигне рампата на границата со Газа. Ваквите информации на седница на собраниската комисија за надворешна политика ги изнесе новоименуванот амбасадор во Тел Авив, ...

Read More »

Портал ИРЛ осуден за клевета по тужба од Кочо Анѓушев

Порталот ИРЛ е осуден за клевета по тужба од познатиот бизнисмен и поранешен вицепремиер за економија Кочо Анѓушев и компанијата Брако. Основниот суд Скопје 2 го осуди порталот ИРЛ дека го наклеветил бизнисменот Кочо Анѓушев во емисија објавена на јавниот сервис, без притоа да му даде шанса да одговори или да му испрати прашања. Пресудата во случајот Кочо Анѓушев против ...

Read More »

Дискриминацијата како проблем во Македонија и претприемање на акции

“Дискриминацијата е најболното прашање со кое може да се соочи еден граѓанин. Фактот дека и натаму сведочиме на различни видови на дискриминација говори дека не се вложува доволно за надминување на овој проблем”, смета Васка Бајрамовска Мустафа, државна советничка на Народниот правобранител. Народниот правобранител уште во 2011 година потсети за потребата од анализа, што е тоа што доведува до сегрегација ...

Read More »

Џафери: Поддршка на Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина

Како земја-кандидат за членство во Европската унија, Република Северна Македонија верува дека институциите на Европската унија ќе ја одржат перспективата на проширувањето на Унијата со сите останати земји-кандидати како кредибилен и визибилен процес базиран на заслуги, имајќи ги во предвид и актуелните геополитички безбедносни предизвици. Ова го изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери во своето обраќање на вториот парламентарен ...

Read More »

Тешки повреди по ново пукање кон Раде Трајковски – Штекли во Ист Гејт

Две лица се повредени во денешното пукање во Ист Гејт. Неофицијално, повторно било пукано кон Раде Трајковски – Штекли. Непотврдените информации се дека Трајковски е тешко повреден и се наоѓа во животна опасност. Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициски екипи се упатени во молот и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ова е втор вооружен инцидент во ...

Read More »

Мицкоски: Потребно е да ги почитуваме минатите цели и идеи

Не може да создадеме иднина ако не го почитуваме минато, целите и идеите на организацијата се живи и мора да ги исполниме преку подобар стандард и реформиран систем – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на партискиот настан за Денот на македонската револуционерна борба. Мицкоски посочи дека состојбата во државата е алармантна, се осврна на владеењето на правото, критикувајќи ја сегашната влада, ...

Read More »