Author Archives: sasko

Трагедија во Тетово: Двајца градежни работници загинаа откако падна потпорен ѕид

Попладнево во тетовското село Шипковица се случила несреќа. Загинаа двајца градежни работници откако врз нив паднал потпорен ѕид. Станува збор за 63-годишник од Селце и 50-годишен државјанин на Албанија. Несреќата во полиција била пријавена во 15.45 часот. Работниците се здобиле со тешки телесни повреди од кои починале, а лекарите од итната медицинска помош кои пристигнале на местото можеле само да ...

Read More »

Струга воведува забрана за шетање во костими за капење во чаршијата: Различни мислења и сомневања среди жителите

Струга забрани шетање во костими за капење низ струшката чаршија. Општината постави информативни табли на повеќе локации за оваа намена и преку соопштение ја информираше јавноста – да нема голотија на јавни места. Струга не е конзервативен, туку туристичка град, велат советниците од ВМРО ДПМНЕ. Оваа одлука е самоиницијативна и не е донесена согласно законот за локална самоуправа. „Во конкретниот ...

Read More »

Градоначалник на Кисела Вода предлага расформирање на ‘Комунална Хигиена – Скопје’ за подобра хигиена и спречување на партиски вработувања

Долго време речиси не постои соработка со Град Скопје, вели градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој смета дека преку расформирање на претпријатието „Комунална Хигиена – Скопје“, ингеренциите треба да ги добијат скопските општини, за да се добие подобра хигиена во градот, но и да се избегнат партиски вработувања. Прашан што би ...

Read More »

Состојба на патиштата 14.07.23

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.   На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Read More »

Шаленберг, Липавски и Влаховски: одлагањето на уставните измени значи одлагање на патот кон ЕУ

Одлагањето на уставните измени значи одлагање на патот кон Европската унија. Ова е пораката на шефовите на австриската, чешката и словенечката дипломатија, кои овластени од високиот претставник за надворешна политика на Унијата, Жозеп Борел, допатуваа во Скопје за да ги пренесат официјалните ставови на Брисел за македонската евроинтеграција. Додаваат дека ако земјата не ги прифати уставните измени се соочува со ...

Read More »

Средба меѓу Мицкоски и унгарскиот амбасадор за политичката состојба

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот и пратеник Александар Николоски оствари средба со амбасадорот на Република Унгарија Андраш Клајн во Република Македонија. Претседателот Мицкоски му се заблагодари на унгарскиот амбасадор Клајн за несебичната поддршка и пријателски однос на Унгарија кон Македонија и го информираше за актуелната политичка состојба, како и евроинтегративниот процес на државата. Од страна на ...

Read More »

Гласање за новите членови на Судскиот совет: Георгиев и Димовска добија поддршка

Судијата од Врховниот суд, Наке Георгиев и судијката од Граѓанскиот суд, Антоанета Димовска се нови членови на Судски совет. Георгиев, за кого Судски совет непосредно пред кандидатурата ја запре постапката што се водеше против него, беше единствен кандидат од редовите на Врховните судии. За него гласале шестмина од вкупно 16 судии во Врховен. Антоанета Димовска пак е новиот член од ...

Read More »

Советниците на град Скопје донесоа заклучоци за Комуналната хигиена

Советниците на град Скопје на седмата вонредна седница ги донесоа заклучоците по единствената точка на дневен ред за актуелната состојба со комунална хигиена, со цел спречување на еколошка катастрофа и појава на заразни болести. Претседателот на Советот на град Скопје, Трајко Славевски по координацијата на советничките групи го прочита заклучокот, во кои се предвидени и мерки. -Прво се задолжува градоначалникот ...

Read More »

Уставниот суд не ги прифаќа тврдењата на Министерот за правда Кренар Лога

Неточни се тврдењата на министерот за правда Кренар Лога дека од Уставниот суд е побарано мислење во која било форма за понатамошно постапување со издавање на изводите бидејќи нема пристигнато таков допис ниту од Управата за водење на матични книги, ниту пак од Министертвото за правда, информираат од Управниот суд. Од Управниот суд реагираат на, како што велат „невистинитите и ...

Read More »

Меџити: Нов Клинички центар во метрополата најавен, локацијата неодредена

За шест месеци на тендер ќе се избира фирма која ќе продолжи да ја гради Клиничката болница во Штип откако министерот Меџити го раскина договорот со изведувачот која ги проби сите рокови и изгради само 30 насто од објектот. Банкарската гаранција од шест милиони евра е активирана. На грчки „Интраком констракшн“ седум години не му беа доволни да ја изгради ...

Read More »