Силјановска-Давкова поднесува преставка за дискриминација и навреди од Пендаровски и лица во неговата кампања

Силјановска-Давкова со преставка за дискриминација и навреди од Пендаровски и лица во неговата кампања.

Од штабот на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори Гордана Силјановска-Давкова соопштија дека поднеле нова преставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ националниот демократски институт и хелсиншкиот комитет за човекови права.

Во преставката, како што се истакнува во соопштението, се констатира дека и покрај потпишаниот кодекс за фер и демократски избори во периодот од 10 до 14 април 2024 година различни лица вклучени во неговата кампања, вклучително и самиот кандидат Стево Пендаровски, го кршат кодексот и предизвикуваат вознемирување и повреда на личното достоинство на Гордана Силјановска-Давкова, во согласност со член 10 став 1 од законот за спречување и заштита од дискриминација – велат од нејзиниот штаб.

“Навредите и говорот на омраза и јавното демонстрирање на мизогинија се користат на митинзи и на други јавни настапи со цел да се влијае врз јавното мислење и да се предизвикаат реакции на исмејување од страна на присутните граѓани во толпата. Сето ова води кон поттикнување и охрабрување дискриминација и сексизам”, стои меѓудругото во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*