Пендаровски: Продолжувам да бидам Претседател на Сите Граѓани, Без Политички Разлики

Продолжија активностите на претседателските кандидати. Стево Пендаровски поддржан од СДСМ беше во Дебар, Ростуше и Гостивар.

“Бев и ќе останам претседател на сите граѓани без разлика на нивната верска, национална или која било друга припадност”, рече тој, додавајќи дека само двојна победа од негова страна и СДСМ гарантираа дека Северна Македонија ќе оди напред и нема да се врати на „режимот и во балканските сиви зони, калта и бедата“.

Кога станува збор за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, таа на трибина пред поранешни дипломати и политичари го презентираше делот од програмата за безбедност и надворешна политика.

Како што истакна Силјановска Давкова, мора да се регрутираат стручни и компетентни кадри за амбасадори.

Во однос на интегративниот процес, таа изјави дека ќе изгради консензус и со власта и со опозицијата, со единствена цел заштита на националните и државните интереси. И останатите пет кандидати продолжија со своите активности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*