Маричиќ: Отвореност кон Историјата, Но Индивидуална Одговорност За Сребреница

Ставот на Македонија е многу јасен и утврден со декларација на собранието уште на почетокот на 2010 година, тогаш едногласно нашето собрание ја поддржало резолуцијата на ЕП за Сребреница каде таа е осудена како геноцид.

“Меѓутоа треба да разграничиме две работи, едно е тоа во Сребреница, но таа дамка не може да се фрли врз целиот српски народ или Србија.

Одговорноста кон Сребреница треба да се индивидуализира и затоа постојат меѓшународни судови и трибунали таа треба да биде со име и рпезиме за да во никој случај не биде доведена со цел народ или цела држава”, изјави Маричиќ.

“Ние инсистиравме да остане таа иницијатива отворена и таа остана отворена и се додека имаше и има поддршка од нашите стратешки партнери, треба во неа да партиципираме и да се фокусираме на конкретните придобивки без големи политички теми.

Затоа што тие крупни политички теми блокираа други регионални процси и не донесоа ништо добро. Берлинскиот процес, Отворен Балкан и сите тие иницијативи ги гледаме како позитивни и треба од нив да извлечеме максимум наместо да ги доведуваме во политички контекст”, дополни тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*