Одлуката за Резолуцијата за Сребреница предизвика реакции

Од владата за Канал 5 велат дека досега не било разговарано на владина седница за иницијативата на Османи, но не исклучуваат тоа да се случи на денеска. Османи вчера одговарајќи на новинарско прашање рече дека не очекува односите со Србија да бидат нарушени.

Одлуката на Османи околу Резолуцијата за Сребреница предизвика реакции и кај дел од партиите во земјава.

Од Партијата на Србите во Македонија го обвинија дека ја злоупотребил министерската функција за прашање за кое како што велат може да биде негов личен или партиски став.

Од Бошњачкиот демократски сојуз пак излегоа со поддршка на Османи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*