Горан Грујевски не може да ја напушти Хрватска, иако има азил во Грција

Откако беше приведен па пуштен на слобода во Хрватска, на екс разознавачот и началник на петтата управа, Горан Грујевски, хрватските власти му го одзеле пасошот.

Според информациите на Сител, тој не смее да ја напушти Хрватска, иако беше ослободен од хрватските власти поради тоа што има азил во Грција.

Дополнително, од Хрватска ќе бараат документација да им биде доставена од нашето министерство за правда, за што се бара Грујевски со меѓународна потерница.

Од правда велат дека сите информации и документи што ќе бидат побарани од хрватските колеги ќе им бидат доставени.

За тоа зошто досега не била побарана екстрадиција за Грујевски, велат дека немало никаков допис од Хрватска до сега за екс началникот на петтата управа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*