Управниот суд го поништил ставот на ДКСК и го врати предметот на повторно одлучување

Управниот суд доцна вечерва соопшти дека ја уважил тужбата од Академија зa судии и јавни обвинители „Павел Шатев” против одлуката на Државната комисија за спречување на корупција донесена во средата.

Според ДКСК Академијата ги прекршила законите со тоа што не го стопирала процесот на селекција на кандидати. Судот ја поништил одлуката на ДКСК и го вратил предметот на повторно одлучување.

Претставката до ДКСК беше поднесена од претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова. Таа се обрати пред судскиот совет за да ги аргументира причините поради кои се обратила до антикорупционерите.

Според Силјановска Давкова, Академијата за судии го прекршува Изборниот законик со тоа што во моментов води постапка за вработување на 130 слушатели за идни обвинители и судии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*