Гласовите на ДУИ во вториот круг ќе одат за онаа партија која прифати претседателот на државата да се бира во Собрание

Гласовите на ДУИ во вториот круг ќе одат за онаа партија која ќе прифати претседателот на државата во иднина да се бира во Собрание, изјави Артан Груби Артан Груби во интервју на ТВ Сител запрашан на кого го ДУИ би му ги дала гласовите доколку нивниот кандидат Бујар Османи отпадне во првиот круг.

“Ние имаме многу јасен став и тоа го кажа и господинот Ахмети, а тоа е и во нашата програма, бараме претседателот да се бира во Собранието со двотретинско мнозинство плус Бадентерово мнозинство што би обезбедило и општествен консензус што би можел да биде злоупотребен од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ заедно кои можат да ги надгласаат другите заедници затоа што заедно имаат 80 пратеници. Затоа, за да се обезбеди волјата и на другите заедници, наметнуваме решение со Бадентерово мнозинство. Тоа е условот за коалицирање во вториот круг ако Османи не влезе во вториот круг”, рече Груби.

На прашањето дали во моментов ДУИ е поблиску до коалиција со ВРМО-ДПМНЕ или со СДСМ, тој избегна конкретно да одговори велејќи – од денешен аспект најблиску сме до коалиција со народот.

Груби беше прашан и за евентуалните коалициски комбинаторики по завршувањето на парламентарните избори. Тој рече дека ДУИ, заедно со Европскиот фронт, на претстојните парламентарни избори цели на освојување 20 пратенички места.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*