Академијата намерува веднаш да поднесе приговор до Управниот суд по добивање на одлуката од ДКСК

Академијата за судии и јавни обвинители се уште ја чека одлуката од ДКСК со која и официјално ќе потврди дека го прекршува законот, на начин со кој се отвора вратата за вработување на идни судии и обвинители со постапки, во изборен период.

Откако ќе ја добијат одлуката, планираат да ја искористат можноста и во рок од 24 часа да поднесат приговор до Управниот суд.

Од Академијата денеска рекоа дека на самата јавна седница на ДКСД имало многу процедурални повреди, рокот за одговор што и бил даден на Академијата по претставката бил скратен за 3 часа, тројца членови за кои имало индиции на судир на интерси не се изземале од постапување во конкретниот случај и ДКСК не ги прифатила предложените сведоци од Академијата, за што ќе бараат судска заштита.

“Академијата ќе ја спори одлуката и од материјален аспект бидејќи како доказ дека не станува збор за класичен работен однос е тоа што по завршување на постапката со полагање на фазите од приемниот испит, кандидатите се упатени на управен спор пред Управните судови, а не на работен спор пред граѓанските судови.

Академијата искрено верува во инситуциите на системот и ќе ја почитува одлуката во Управниот суд и согласно истата  доколку биде уважена тужба на АСЈО ќе продолжи со Приемниот испит, за што благовремено ќе ги извести кандидатите”, велат од Академија за судии и јавни обвинители.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*