Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најавува договор за коалиција на следниве парламентарни избори

“Имаме принципиелни разговори и договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму како идна влада да функционираме врз основа на тој договор”, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за коалицирањето со помалите партии дел од нив и од владината коалиција.

Причината, според него, за соработката е фактот што тие препознале во програмата добри работи. Социјалдемократите и нивните коалициските партнери го потпишаа договорот за соработка на изборите – објави лидерот Ковачевски.

„Победничката проевропската коалиција по завршувањето на претстојните избори ќе биде предводник во реформските процеси и ќе се залага за завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година, наспроти нови 11 години изолација и заглавување кои ги нуди опозицијата“, вели Ковачевски.

И ГРОМ на Јакимовски влезе во коалиција со две партии. Во Храбро за Македонија влегуваат Интегра, чиј лидер Љупчо Ристовски ќе ја води листата во втората изборна единица, и ПЦЕР на Самка Ибраимовски. Тој пак ќе биде прв на листата во 5-ката.

Во Европскиот фронт предводен од ДУИ влезе и Демократската партија на Турците. Договорот потпишан од претседателите на партиите.

„Создадени се семејства, за тоа разговарав и со докторот. Една Албанка мажена за Турчин. Турчин женет со Албанка, и сега ќе се поделат, дали се со Бејџан или со Али. Сега ги обединивме и ги смиривме семејствата. Ние имаме само една разлика, сè друго е заедничко“, вели Али Ахмети.

По информациите дека крилото на Зијадин Села може да коалицира со ДУИ, од опозициската коалиција ВРЕДИ велат Села и Кренар Лога смислиле евтино алиби зашто ќе одат спротивно од волјата на мнозинството Албанци.

„Арбен Таравари јавно им ги понуди печатите на Алијанса на Албанците ако навистина се определени за самостоен настап на изборите. Зијадин Села не се изјаснува за оваа понуда бидејќи знаеме дека одамна е договорен да служи исклучиво на интересите на Али Ахмети. Затоа и го направи расколот во АА“, велат од ВРЕДИ.

Од крилото на Села одговараат. Печатите на Алијанса за Албанците не се индивидуална сопственост, уште помалку на оној кој го напушти својот политички дом, а што се однесува до ултиматумите, користете ги со ВМРО, а не со Алијансата за Албанците, велат од таму.

Дали Алијанса на Албанците на Зијадин Села ќе оди во коалиција со „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ или пак со „Вреди“ ќе се знае утре по состанокот на Централното Собрание кое ќе се одржи во Скопје.

Претседателот на Централното собрание, Зијадин Села потврди дека утре конечно ќе се донесе одлуката околу настапот на претстојните парламентарни избори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*