Државната комисија за спречување на корупцијата примила 20 претставки за изборни активности

Панел дискусија за засилување на соработката меѓу институциите, за проценка на изборните ризици.

Државната комисија за спречување на корупцијата досега има примено 20-тина претставки за активности кои се однесуваат на изборниот процес.

Нив им е даден приоритет и одлуките ќе бидат донесени во најкус можен рок, информира претседателката на комисијата, Татјана Димитровска, во рамки на панел дискусијата за засилување на соработката меѓу институциите, за проценка на изборните ризици.

Благодарение на навремената информација до Министерството за внатрешни работи од Државната изборна комисија, која го предвиде проблемот со личните документи и гласањето и изготви соодветни предлог законски измени, околу 100.000 лица сега ќе може да го остварат правото на глас, информираат првите луѓе на МВР и ДИК, Панче Тошковски и Александар Даштевски.

Дел од системските слабости нотирани во извештаите на Државниот завод за ревизија во изминатиот период, сè уште не се надминати, велат од Државниот завод за ревизија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*