Јакимовски: „Сè е произволно, ништо не е точно“ за ставањето на црната листа од САД

Градоначалникот на Карпош и претседателски кандидат на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, во интервју за Канал 5, повторно вели за неговото ставање на црната листа од САД дека не е одговорен за никакво злосторство.

„Ништо не е точно, сè е произволно. Се е на кодошски муабет“, посочува тој и додава дека Карпош е единствената општина каде сите надлежности се префрлени на службите.

Јакимовски смета дека е политички линчуван. Во таа насока тој иронично бара да му се каже кој е неговиот најкорумпиран процес за јавни набавки. Запрашан за одлуката на претседателскиот кандидат на ДУИ Бујар Османи да не го покани на ифтар вечера, тој посочува дека тоа е нечесен гест од нечесен човек.

„Меѓутоа, не знам ни дали ќе одев да ме поканеше, имајќи предвид дека многу луѓе ме покануваат на вечера за ифтар“, нагласува тој.

Јакимовски вели дека доколку тој е претседател, најжестоко ќе се спротивстави на тоа друга држава да прави свои списоци на неподобни лица.

„Ќе се спротивставам дури и повеќе да се вградуваат вакви списоци во домашното законодавство“, нагласува тој во однос на Предлог-законот за рестриктивни мерки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*