Скандал во бугарскиот конзулат во Битола: Хигиеничарка интервјуирала кандидати за пасоши

Интервјуата со кандидати за пасош во бугарскиот конзулат во Битола ги правела хигиеничарка. Ова го откри пратеникот на партијата „Преродба“, Ангел Георгиев по извештајот за извршената контрола во дипломатското претставништво кој бил испратен до Инспекти оратот на бугарското министерство за правда.

Според него, голем број од апликациите биле одбиени од неа. Системските пропусти во конзулатот на Бугарија во Битола ги признала и Мариј Габриел, вицепремиерка и шефица на дипломатијата. Според неа, хигиеничарката повеќе нема пристап до конзулската служба и до архивата.

Габриел додаде оти не биле констатирани директни докази дека хигиеничарката ги интервјуирала кандидатите, но, исто така, биле нотирани „застрашувачки прекршувања кои се недозволиви во дипломатската служба“. Таа откри дека 2.719 апликации се вратени за докомплетирање во конзулатот во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*