Општината Битола и Еврејската заедница во Македонија со Поворка на живите ги одбележуваат 81 година од холокаустот на битолските Евреи

Македонија се сеќава на депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта „Треблинка“. Амбасадорката на Израел, Симона Франкел од Штип порача дека многу малку луѓе преживеа во кампот на смртта, но таа воедно повика и Хамас под итно да ослободи 134  заложниците, во појасот Газа.

„Знаеме дека помеѓу нив има 19 млади жени кои во тунелите на Хамас страдаат од сексуално вознемирување и сексуална злоупотреба. Сите ние мора да дејствуваме и да повикаме на нивно итно ослободување, и да не ги оставиме таму. Со секој изминат ден кога ги оставаме во тунелите и не правиме сè што е можно за да ги ослободиме, им ги загрозуваме животите и тоа може да ја предизвика нивната смрт. Би сакале да повикаме на нивно итно ослободување“, порача амбасадорката Франкел.

Во Скопје, Штип и Битола денеска со комеморативни седници, поворки на живите и посета на Еврејските гробишта се одбележува 81 година од Холокаустот, со што почит се дава на 7.144 Евреи од Македонија, меѓу кои и на 543 Евреи од Штип, кои починаат во логорот „Треблинка“.

„Да не се заборави“ порачаа денеска претставниците на Еврејската заедница, како и македонските делегации и граѓани, по повод 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта.

Општина Битола, Еврејскта заедница во Република Македонија и Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија со „Поворка на живите“ што се одржа од еврејското маало до Железничката станица, одбележаа 81 година од холокаустот на битолските Евреи.

Комеморативната програмта почна со оддавање почит пред споменикот на депортираните Евреи од Битола – „Камена менора“ и споменикот на народната хероина Естреа Овадија Мара, каде цвеќе положија министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничките Марија Кочовска, Олга Лозановска и Силвана Ангелевска, амбасадорката на Германија во земјава Петра Дрекслер и градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*