МВР: Нема дисциплинска постапка за службениците поврзани со случајот на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Од МВР денеска соопштија дека биле извршени внатрешни проверки во СВР Скопје и СВР Велес на барање на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, a во врска со истрагата за двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР притоа не нашол основа за покренување на дисциплинска постапка.

„Ја информираме јавноста, со оглед на тоа дека извештајот е класифициран, утврдено е дека не постојат основи за покренување на дисциплинска постапка, а воедно, до Бирото за јавна безбедност при МВР се упатени задолжителни мерки да се донесат нови процедури и упатства за постапување“, стои во соопштението на МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*