ВМРО-ДПМНЕ: Евентуална победа на ЕПП на европските избори важна за Македонија

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од партискиот лидер Христијан Мицкоски и потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски, кандидатката за претседател на Македонија Гордана Силјановска – Давкова и секретарот за меѓунаордна соработка Стефан Андоновски ја заврши посетата на Букурешт во рамки на која учествуваше на Конгресот на Европската Народна Партија (ЕПП).

Доколку ЕПП победи на европските избори во јуни повторно ќе ја предводи Европската Комисија. Ова, според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, е исклучително важно зашто, како што вели, новата Влада која ќе формира неговата партија ќе има пријател во Европа, пријател со кој ќе соработуваат за да се тргнат стегите кој ги чувствува Македонија.

Ќе соработуваме да се тргнат стегите кои ги чувствува Македонија, оној притисок пред се што го имаме од Бугарија да се олабави, Македонија да си ги заврши домашните задачи и да може да напредува кон Европската Унија. За тоа требаат резултати дома, но требаат и пријатели надвор“, кажа Николоски.

„ВМРО-ДПМНЕ е ценет партнер, ВМРО-ДПМНЕ е на главната маса и разговара за разлика од СДСМ кој гледаме на врата не ги пуштаат да влезат на конгресите на Социјалистите и од врата ги враќаат назад“, кажа Николоски.

Тој додаде дека СДСМ и нивниот претседател на врата не го пуштаат на прием кај Социјалистите.

„Ние седиме на главната маса за разлика од водството на СДСМ почнувајќи со претседателот на СДСМ кој на врата не го пуштија да влезе на прием кај Социјалистите во Рим па тоа го имаше и како скандал во престижниот весник Политико“, истакна Николоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*