Собранието се согласи без глас против да одлучува за платите на функционерите во државата

Без глас против, пратениците се согласија за нивните и платите на останатите функционери во државата да се одлучува во собраниските комисии.

Предлогот на група пратеници влезе во процедура, а со шест интервенции во закони ќе треба да го замрзне усогласувањето со животниот стандард. Ако предлозите го добијат мнозинството, министрите, судиите, обвинителите и други именувани и избрани функционери ќе загубат од 400 до 500 евра во своите лични примања.

Иако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го поддржа првичниот предлог, надлежниот технички министер од нивните редови со реакција дека на овој начин се прави истата грешка од минатото со кои се замрзна растот на платите.

Но, и да успее обидот во собранието да се замрзнат платите на повеќето функционери, владата дополнително ќе треба да носи одлука за своите именувани директори и ним да им се забрани зголемување на платите кое во зависност до институциите и платата варира од 300 до 500 евра.

А, реакција стаса и од здружението на судии од каде што бараат да се повлечат овие измени, бидејќи сметаат дека се носат без јавна дебата и вклучување на засегнатите страни на кои се однесуваат измените.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*