СДСМ не даде поддршка на предложените изменувања на Законот за пасошите

Не поминаа измените на Законот за патните исправи кои ги предложија пратениците од ВМРО ДПМНЕ а со кои бараа продолжување на важноста на пасошите до крајот на годинава.

За носењето на измените беа 46 пратеници, 54ца гласаа против. Предлогот го образожи координаторот Никола Мицевски, но немаше дискусија.

Уште вчера, од СДСМ кажаа дека нема да дадат поддршка, со образложение дека тоа би било спортивно на Уставот со кој меѓународните договори, како што е Преспанскиот, не може да менуваат.

Претходно поддршка на измените најавија пратениците од албанската опозиција, за разлика од ДУИ кои се држеа до аргументие на власта.

Дополнување на Законот за патни исправи предложија и од ЛДП. Патните исправи да важат до истекот на нивниот рок ако во нив има печат со новото уставно име. Кога овој предлог ќе се најде пред пратениците засега не се знае.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*