Христијан Мицкоски: Силјановска Давкова со предност од повеќе од 100 илјади гласови пред Пендаровски

Во интервју за сител, за Силјановска Давкова, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски оцени дека Македонија многу ќе добие споредено со другите кандидати посебно со Пендаровски.

„Тука би го издвоил актуелниот Претседател Стево Пендаровски и ценам дека тука треба да се бара името за вториот круг. Иако мислам дека според сите оние анкети кои ги имаме и анализи предноста на Силјановска ќе биде повеќе од 100 илјади гласови во однос на Пендаровски најмалку 100 илјади гласа разлика во првиот круг и ценам дека тоа ќе даде озбилна порака кон гласачите како да се мобилизираат за вториот изборен круг претседателски избори, како и за парламентарните на 8 мај“, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски нагласи дека владејачките партии помагаат на одредени кандидати за претседатели на државата со собирањето на потписите, и со тоа практично наместо да се натпреваруваат, тие се опозиција на опозицискиот кандидат.

Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да освои помеѓу 53 до 56 пратеници на претстојните избори, врз основа на она што го покажуваат анкетите и расположението на гласачите – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во телевизија Сител во „Тема на денот”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*