Заладување во коалицијата: ДУИ бара директен избор на претседателот, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ против

Заладува коалициската љубов меѓу ДУИ и СДСМ поради различните гледишта како да се избира претседателот на државата.

Интегративците ја заоструваат реториката – изборот на шеф на државата во Собрание со двотретинско мнозинство и Бадентер го поставуваат како услов за идните коалицирања за формирање влада.

За нив, тоа е прогресивна идеа што ќе ни заштеди 20-ина милиони евра. Социјалдемократите смирено одговараат – со ДУИ делиме европски вредности, затоа сме во коалиција. Барањето не е ново, но нема да го поддржат, велат од „Бихачка“.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе се изјасни дека е против избор на шеф на државата во Собранието. Според нив, моделот кој ДУИ го бара е непродуктивен, а таму каде што го има, произведува повеќе проблеми со меѓупартиските договарања наместо да се врши директен избор од граѓаните.

Барањето на ДУИ претставува фолклор како што веќе го коментирав во јавноста. Обид за дефокус на јавноста од криминалот во кој озбилно се фатени од страна на јавноста.

Обид да се наметне порака, обид да се наметне тема во јавноста, нешто слично на кампањата за парламентарните избори во 2020 година кога нели требаше премиер Албанец, сега потпретседател нели Албанец, да се бира претседателот во рамките на Собранието итн., и тоа го уценуваат со учество во вториот круг“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во телевизија Сител во „Тема на денот“.

Претседателот Мицкоски продолжи и додаде дека тој и ВМРО-ДПМНЕ диктати не прифаќаат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*