Техничката влада под Талат Џафери почнува со работа: Рокада и формирање на владини комисии

Конститутивна седница на техничката влада под палката на Талат Џафери. Формирање на владини комисии и назначување на вицепремиери.

Од коалициската договорена рокада, Бојан Маричиќ е прв вицепремиер, а досегашниот Артан Груби од сега ќе биде задолжен за спроведување на политичкиот систем и политичките прашања. Пред нас е клучна обврска, а таа е организирање на изборите, Џафери очекува ангажираност и транспарентност во работата.

Во опозициската ВМРО-ДПМНЕ коментираат дека социјал демократите се малцински партнер во својата влада и дека Ковачевски ги понижил сопствените пратеници, бидејќи без нивните гласови Џафери немало да стане премиер.

На првата седница од преодната влада не беа присутни само новиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски и вицепремиерката Славица Грковска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*