Спор за Ана Павлова Данева за уставен судија

Партиската припадност и друштвото кон кое треба да се приклучи, за опозицијата се главните аргументи „против“ универзитетската професорка, Ана Павлова Данева да стане уставен судија. Не го спорат фактот дека е квалификуван кадар, почитуван и реномиран правник, но се сомневаат дека е номинирана за да се одврати да одлета во друго јато поради јавните критики кон партијата.

За сопартиецот на Данева, Диме Велковски, токму критичката настроеност кон нив е аргумент „за“, како и тоа што таа долго време не е активна во партијата.

Велковски беше еден од ретките пратеници од мнозинството кои денеска присуствуваа на седницата за што добија критика и од опозицијата и од претседателката, која рече дека е одговорност на секој пратеник да присуствува и учествува во расправа.

Инаку, Данева е доктор на правни науки и редовен професор по Административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Беше предложена да седне во една од испразнетите фотелји во уставниот суд, откако по речиси година и половина расправа беше повлечен предлогот, Љубомир Јовески да биде уставен судија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*