Првата средба на Премиерот Џафери со амбасадорот на ЕУ: Поддршка за европска агенда и изборни предизвици

Премиерот на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го прими амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Н.Е. Дејвид Гир.

Амбасадорот Гир му го честиташе на премиерот Џафери неговото назначување за претседател на Владата, истакнувајќи ја поддршката од ЕУ и Делегацијата во Скопје во продолжување на соработката и поддршката на институциите во реализирањето на европската агенда на државата.

Премиерот Џафери изрази задоволство што неговата прва средба со претставник на меѓународната заедница е токму со амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, што претставува јасен знак за насоката на движење на Владата во следниот период. Премиерот истакна дека претстојните избори се од исклучителна важност за иднината на земјата, бидејќи тие ќе го одредат текот на движење и напредок во следниот период.

Премиерот нагласи и дека Владата ќе продолжи со истата динамика, посветеност и навременост, да ги спроведува сите процеси и обврски кои произлегуваат од започнатите пристапни преговори со Европската Унија во насока на забрзана европска интеграција.

Посебен акцент на средбата беше ставен на заедничката посветеност на Брисел и Скопје кон натамошното успешно придвижување на активностите врзани за Планот за раст за Западен Балкан, и во таа насока, амбасадорот Гир го поздрави досегашниот конструктивен пристап на Владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*