Техничкиот министер за труд и социјала објави сам на социјалните мрежи предизвик за обединување пред големата победа

Техничкиот министер за труд и социјала за примопредавањето објави сам на социјалните мрежи. Уште три месеци до големата победа, која зависи од сите нас! Затоа, да се обединиме и да ги поразиме неодговорните политичари што ни создадоа ужас во нашата Македонија, порача Велковски на Фејсбук над фотографијата на која со цвеќе, својата претходничка Тренчевска ја испраќа на позицијата дополнителен заменик министер.

И опозициските заменици денеска си ги полнат новите канцеларии. Анодоновски наместо во Минситерството за информатичко општество , првиот состанок го имаше во кафуле.

„На првиот работен ден се сретнав со млади луѓе од ИТ секторот на една од нивните омилени локации. Гледам амбициозност да ги менуваат работите. Граѓаните со право сметаат дека никогаш не било полошо и дека системот е во распаѓање од катастрофата наречена СДСМ и ДУИ“ – напиша Андоновски на социјалните мрежи.

Трипуновски денот го почна во канцеларијата во земјоделие а за попладнето најави средби со земјоделци.

„Следува период на градење надеж, борба за подобар живот, борба за враќање на достоинството на македонскиот земјоделец како и промени за сите граѓани на Република Македонија“ – напиша тој на социјалните мрежи.

Опозицискиот состав во Владата го комплетира и Елена Петрова која е нова заменичка во финансии, но за нејзиниот прв работен ден во Министерството фотографии на социјалните мрежи објави министерот Бесеими.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*