ЗНМ бара објаснување за третман кон странски новинари во Собранието

Здружението на новинарите на Македонија денеска упати реакција и барање за објаснување за непринципиелниот третман кон странски новинари во Собранието на РСМ до новоизбраниот претседател на Собранието, Јован Митрески.

„По пријава до ЗНМ од новинари и според медиумски објави во текот на вчерашниот ден, четворица новинари биле привилегирани од службите за сметка на новинарите и медиумските работници од домашните медиуми. Според видеоприлогот и укажувањата на порталот „Икс“, четворицата странски новинари биле сместени да седат во дипломатскиот дел на терасата во пленарната сала и, исто така, во текот на нивната посета биле пренесувани со владини службени возила“, стои во реакцијата на ЗНМ.

Одговорија од Собранието. Велат дека не станува збор за привилегиран однос на Собранието кон одредени новинари, ниту за непринципиелен третман кон новинарите и медиумските работници од домашните медиуми.

Сакаме да истакнеме дека поради зголемениот интерес на претставници од домашните, но и од странските медиуми кои уредно беа акредитирани до 26-ти јануари годинава, беше увидено дека интересот за следење на пленарната седница е значително зголемен во однос на вообичаената практика, поради што го ставивме на располагање целиот капацитет на галеријата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*