Јан Коп на средба со Дамева, ќе ја врати помошта за судски совет

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп денеска се сретна со Весна Дамева, претседателка на Судскиот совет  која беше незаконски сменета, па вратена на функцијата со одлука на Управниот суд.

“Амбасадорот Коп е задоволен што Судскиот совет повторно е легален субјект. Сега е од големо значење и итност да се започне со враќање на довербата на јавноста и на меѓународната заедница во Судскиот совет. Дамева даде преглед на начинот на кој на транспарентен начин ќе ги имплементира препораките на Оценската мисија на ЕУ. Холандија сега силно ќе размисли за рестартирање на проектот со Судскиот совет што беше суспендиран во мај минатата година”, објави холандскиот амбасадор на социјалните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*