Владата одобри американските „црни листи“ да влезат во закон

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи преку својот Фејсбук профил соопшти дека Владата на денешната седница ги одобрила измените на Законот за рестриктивни мерки, со кои, како што вели, американските и британските листи стануваат основа за санкционирање и од нашите институции.

Шефот на дипломатијата Османи минатата недела на брифинг со медиумите информира дека  МНР почнува јавна расправа по однос на измените на Законот за рестриктивни мерки кои што имаат за цел проширување на опфатот на овие рестриктивни мерки, како и инструментите коишто се на располагање на државата во услови на воведени рестриктивни мерки.

„Како инструменти што ги има државата при воведување рестриктивни мерки се покрај ембарго за оружје, забрана за влез во Северна Македонија за граѓани коишто не се државјани на Македонија, се разбира и финансиски мерки вклучувајќи конфискација на имот, меѓутоа се проширува Законот со уште еден опфат, а тоа е прво, од целите на Законот освен меѓународната безбедност, демократијата, се воведува и корупцијата, злоупотреба на службената должност и хибридните закани кон државата како цели коишто сакаме да ги постигнеме со измените на Законот за рестриктивни мерки, а се додаваат два важни инструменти, откако се задолжува институцијата предлагач да ги достави сите докази – материјални, нематеријални до Јавното обвинителство, а ЈО законски се обврзува веднаш да почне постапка, кривична постапка, вклучувајќи и конфискација на имот, и доколку заврши таа истрага со подигнување на обвинение тогаш се воведуваат два нови инструменти, а тоа е времено престанување на вршење на јавна функција и забрана за учество во процесот на јавни набавки се до правосилна судска одлука“, појасни Османи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*