Стоилковски пред Суд: Граѓаните ќе се спасат од ужасните редови и гужви пред шалтерите на МВР

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во име на партијата до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценување на уставноста на член 3 од Законот за исправите за лична идентификација и член 5 од Законот за безбедност во сообраќајот и патиштата.

„Ги поднесовме овие иницијативи и очекуваме Уставниот суд да донесе времени мерки за овие членови од законот, со кои граѓаните ќе се спасат од ужасните редови и гужви пред шалтерите на МВР, кои чекаат издавање нови лични карти и пасоши и возачки дозволи со новото уставно име на државата. Ова го правиме затоа што предметните членови се спротивни на членовите 8, 9, 11, 25 и 27 од Уставот и затоа што е очигледно дека МВР нема доволно ресурси да ги замени старите и да им издава нови документи на граѓаните до 12 февруари 2024. Интригантно е како СДСМ и ДУИ, и покрај тоа што беа свесни дека документите мора да се сменат до 12 февруари, не направија ништо за да се набават доволно потребни ресурси или за подобро организирање на тимовите во МВР одговорни за издавање на новите документи“, рече Стоилковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*