Измами со лажни фактури: Откриени обиди за измама со ДДВ и данок на личен доход

Компании регистрирани за трговија со нафта и нафтени деривати од липковско-кумановскиот регион се обиделе со лажни фактури да добијат поврат на ДДВ и исплати по основ на данок на личен доход од УЈП.

Двете првично имале ист сопственик и ист сметководител, но во критичен момент го смениле сопственикот и управителот и сега на тие позиции фигурираат една Хрватка и еден Косовец.

Според она што беше изнесено денес во Управата за јавни приходи од страна на директорката Сања Лукаревска, измамите биле превенирани и нема штета на буџетот, односно поради сомневање дека станува збор за намерно создадена мрежа за изигрување на повратот на ДДВ и на законите, парите не се исплатени а доказите и наодите од контролата се испратени во надлежните институции да почнат со истрага и кривично гонење.

Она што е интересно е дека првиот сопственик на две од трите инволвирани компании не ги сменил само името, седиштето и сопственоста на компаниите, туку го сменил и сопственото име, наводно од фамилијарни причини. Од УЈП нагласија дека веднаш по првичните сомнежи дека станува збор за измама заради поврат на даноци, биле алармирани надлежните институции, а по многуте контроли што биле извршени последните месеци, писмено се известени Основното јавно обвинителство, Управата за финансиска полиција и МВР.

Во мрежата покрај трите компании се инволвирани и пет добавувачи кои не реагирале на издавањето фиктивни фактури за непостоечка трговија со нафтени деривати со нив и при посетата на инпекторите и изнесувањето на наодите – само се насмеале.

Според оценката на Лукаровска и самата незаконска промена, без никаков надомест, на сопственичката и управувачка структура на компаниите, на седиштето и на името во Централниот регистар е кривично дело. Станува збор за фиктивни компании регистрирани без ниту еден вработен, кои немале воопшто лиценци за работа, едната со адреса во семејна куќа а потоа во трговски центар, кои немале склад за нафтени деривати и немале ниту бензиска пумпа а пријавувале милионски суми за поврат на ДДВ и на личен доход од наводна дејност во трговијата со нафта и нафтени деривати.

„Нема оштетување на Буџетот затоа што даночните службеници спречиле исплати за поврат на ДДВ од 160.117.130 денари и за данок на личен  доход од 18.969.998 денари“, информираше директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Таа извести дека за овие случаи УЈП доставиле писмени пријави со докази до ОЈО и МВР на 15 ноември 2023 година, а до Управата за финансиска полиција на 1 декември 2023 година. Кај првиот контролиран случај станува збор за  утврдени неправилности по основ на ДДВ од 79.350.190 денари, во вториот од  26.090.205 денари, а во третиот случај за 54.676 милиони денари. Поконкретно, првата компанија постои од септември 2021 година, а веќе во 2022 година го сменила името, адресата и сопственичката и управувачка структура.

Првичниот сопственик ги подигнал сите документи од сметководството и избегал, но од УЈП не можат да кажат дали сега е во државата и чекаат тоа да го утврди истрагата.

Контролата во компанијата била правена од мај до декември минатата година, а таа се уште е активна како и другите две компании. Во врска со оваа компанија се истражуваат два од петте добавувачи го снабдувале фиктивно со нафта во милионски суми. Компанијата има евидентирано дури и залихи иако воопштио немала склад каде да ги чува, така што и тие се фиктивни.

Втората поврзана компанија е формирана во 2020 година и исто така нема ниту еден пријавен, нема лиценка, склад или бензиска пумпа, го сменила седиштето, името и соственоста (сега на име на странски државјанин од Косово), а барала поврат на ДДВ во милиони денари.

Фактурите што ги поднела за наводна набавка на нафтени деривати не се книжени во книговодството на двете компании добавувачи, односно таму не постојат, а не се евидентирани и никакви исплати меѓу нив.

Третата компанија не платила ДДВ во износ од 54.676.727 денари, а минатата година направила исто така промена на сопственичката структура така што и неа сега ја води странски државјанин од Косово.

Еден од добавувачите на чие име гласеле дел од фактурите воопшто немал  зделки со оцаа компанија, а друг имал фактура за доставени деривати – но 43 пати помала од таа што ја доставила компанијата за поврат на ДДВ. УЈП поради сомнеж дека се работи за добро разработена мрежа за изигрување на државата, спровела девет контроли по разни основи – за  залихи, за деловни односи, за ДДВ и за исплата на данок за личен доход.

Лукаревска соопшти дека немаат информација дали некој вработен во УЈП им помагал во измамите на овие компании, а на критиките од ВМРО-ДПМНЕ дека и таа е замешана рече дека да било така – немало да реагира и немало со месеци да ја прави контролата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*