Спор за ДИК: Опозицијата во Македонија предупредува за правата на изборниот процес

Опозиционерите бурно реагираа дека претседателката Марија Георгиевска предложи двајцата кандидати да се пратат на пленарна седница.

Според нив треба да биде избран Абдуш Демири како кандидат на албанската опозиција, а Зулфи Адили да се елиминира бидејќи доаѓа од редовите на владејачката Алијанса за Албанците, а формално е предложен од новоформираната партијата на Арјанит Хоџа која не учестуваше на последните избори, што е предуслов за кандидатите.

Целта на власта е да се скратат правата на албанската опозицијата која доколку нема свој член во ДИК, ќе изгуби низа права во изборниот процес, меѓудругото и минутажата за рекламирање, се жалат од опозицискиот Европски сојуз за промени. Ако до крајот на неделава не го добијат нивното право, најавија дека ќе алармираат до меѓународната заедница и ОБСЕ/ОДИХР и ќе го бојкотираат Собранието.

По расправијата, претседателката Марија Георгиевска ја прекина комисиската седница, и не е јасно кога истата ќе продолжи. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, на денешниот брифинг со новинарите, случувањата во комисијата ги оцени како насилство, со цел, како што рече ниту еден од кандидатите да не го добие потребното двотретинско мнозинство и на таков начин местото во ДИК да остане празно.

Тој повтори дека размислуваат во вакво случај и тие да ја напуштат работата на ДИК, но се колебаат поради потребата од наградба на фингерпринт системот што го сметаат за клучен за фер и демократски избори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*