Спас за вработените во здравството: Меџити бара решение пред истек на договорите

mexhiti

Министерот за здравство Фатмир Меџити најавува дека утре на владина седница ќе го покрене прашањето за лицата вработени со договор на дело во здрaвството.

Одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на новата апаратура за генетско испитување во МАНУ, министерот рече дека веќе шест-седум месеци за тоа разговара со министерот за финансии. Одговарајќи на новинарско прашање, Меџити рече дека ќе има лекови за онколошките пациенти.

Ако министерот за здравство не преземе мерки, околу 2.500 медицински сестри, болничари, ангажирани со договор на определно време на 31-ви декември ќе останат без работа. Јавните здравствени установи ќе останат без кадар бидејќи на овие вработени им истекува петгодишниот договор.

Меџити рече ќе бара одговор, зошто не е решен статусот на оние кои со договор на определно време се ангажирани во здравствените институции. Додека се бара решение за ангажираните со договор на определено време, организациските директори куртулија од најавените разрешувања.

„Процесот е почнат и некаде после изборите ќе биде реализиран со оглед на тоа што треба да се направат соодветните реорганизации. Тоа е процес кој ќе биде завршен, бидејќи да бидеме реални, на еден километар квадратен: 60 директори, 60 организациски директори, 60 управни одбори-нема никаква потреба од тоа“, нагласи премиерот Димитар Ковачевски.

Нова опрема вредна половина милион евра беше пуштена во употреба во лабораторијата во МАНУ. Со неа има можност за дијагноза со секвенционирање на гени на наследни и малигни болести, меѓу кои и ретки болести.

Со помош на најмодерна и најсофистицирана опрема, резултатите од направените истражувања ќе бидат готови за еден ден, со што значително се подигнува квалитетот на работата на Академијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*