Притисок за екстрадиција: Пендаровски најавува порака до Турција за Палевски

Претседателот Стево Пендаровски размислува во следните денови да испрати порака до турскиот претседател за екстрадицијата на Љупчо Палевски да оди побрзо.

Пендаровски во интервју за „360 степени“ на МРТ рече дека не треба да се дозволи одолговлекување на процесот за екстрадиција на првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Ако ме прашувате денес, шансите да се кандидирам се поголеми отколку да не се кандидирам, одговори претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за „360 степени“ на МРТ 1, на прашањето дали повторно ќе се кандидира на претседателските избори следната година. Според него, поддршката од политичките субјекти, но не помалку, ако не и повеќе, поддршката од граѓаните, ќе бидат клучни во носење на неговата одлука.

Во вечерашното интервју за емисијата „360 степени“ на Националниот сервис, претседателот Стево Пендаровски даде коментар за Законот за игри на среќа, истакнувајќи дека деновиве до него доаѓаат информации дека наводно во парламентарна процедура е овој закон повторно со европско знаменце.

“Не можам да верувам дека навистина до крај тоа ќе се случи, дека со европско знаменце вие би форсирале закон за кој е јасно уште отсега дека не постои јасна европска директива наспроти сите оние критики кои ги имавме и од САД кои не се членка на Европската Унија, а не пак само од евроамбасадорот тука во Скопје”, истакна претседателот Пендаровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*