Јован Митрески ќе го превземе спикерското место во Собранието: Што следува за парламентот?

Од координаторската позиција во претседателската. Пратеникот Јован Митрески, од 28 јануари ќе седне во фотељата на Талат Џафери во Собранието.

Извршниот одбор на СДСМ вечерва со акламација го потврди предлогот на Ковачевски, токму тој да го замени собранискиот спикер кој ќе ја предводи техничката влада.

Извршниот одбор го задолжил и генералниот секретар да изготви роковник за избор на кандидат за претседател на државата, кој и овојпат ќе биде од редовите на СДСМ. Претходно и премиерот ги спласна политичките амбиции на интегративците најавувајќи дека, претседателскиот кандидат на коалицијата ќе биде од редовите на СДСМ.

Со ова, мисијата на Али Ахмети, ДУИ да добие и претседател на државата, нема да биде остварена на следните избори. Ковачевски добил овластувања да почне подготвителни разговори со парламентарните партии за техничка влада.

Очекува дека ВМРО ДПМНЕ ќе предложат свои кадри во техничката влада, и покрај тоа што не се задоволни со изборот на Талат Џафери за технички премиер. Шеф на Централниот изборен штаб и овојпат ќе им биде Миле Зачевиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*