Различни ставови околу изборот на Џафери за привремен премиер: Што мислат партиите?

И во саботата имаше многу реакции за одлуката Талат Џафери да биде привремен премиер, како и ставови за теми поврзани со изборите.

„Ова е договор ДУИ-СДСМ направен на почетокот на мандатот. За нас тоа е симболика. Сигурно ќе го поддржиме“, рече лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Тавари, додавајќи дека сите треба да го поддржат тоа за да има успешни избори.

Според СДСМ, Џафери е најдоброто решение за функцијата привремен премиер. Партијата на Павле Трајанов, Демократскиот сојуз, сепак не поддржува преодна влада, особено на чело на ДУИ.

Критики кон ДУИ и Џафери упатија и опозицијата на етничките Албанци (БЕСА, Алтернатива и Демократско движење).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*