Османи: Изборот на Џафери историски, скршени етничките табуа

Одлуката Талат Џафери да ја води техничката е историска поради тоа што за првпат се скршени етничните табуа и монополи при што ниту една етничка група не е пофаворизирана од друга, рече Османи, во изјава за ТВ 21.

„Кога Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието се направи вистински пуч. Но, сега кога е избран по вторпат, веќе не е новост бидејќи е скршен монополот на Албанец да биде претседател на Собранието. Идејата е да се разбијат етничките монополи. Вториот премиер повеќе нема да биде тема“, вели Османи.

Според Османи, во наредните години земјава ќе го добие и првиот претседател кој ќе биде етнички Албанец. „Вториот монопол е на претседателот на државата, но тоа е следната мисија на ДУИ“, додава тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*