Бугарија под притисок од ОН: Барање за заштита на правата на македонското малцинство

Бугарија да ги почитува правата на македонското малцинство. Обединетите нации во последниот извештај, бараат земјата да ги елиминира сите бариери за регистрација на малцинските здруженија и да преземе мерки за поттикнување на соработката и активностите.

И покрај тоа што комитетот го зема предвид објаснувањето дадено од бугарската делегацијата дека сите нејзини граѓани имаат право на самоидентификација, вклучително и Македонците и Помаците, сепак, оттаму изразуваат загриженост поради извештаите дека на македонските малцински групи во Бугарија им е забрането правото на собири и здружување.

„Комитетот изразува жалење за постојаните пречки и напорните барања за регистрација на граѓански организации и пријавените одбивања за регистрација на македонските здруженија од страна на Агенцијата за регистрација и од судовите, врз основа на нивната македонска самоидентификација“, се вели во извештајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*