Министерот Лога потпиша барање за екстрадиција на Љупчо Палевски

Министерот Кренар Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски. Откако ќе биде преведено на турски јазик веднаш ќе биде испратено до Министерството за правда на Република Турција.

Лога очекува соработка со турските правосудни органи и во најкус можен рок Палевски да биде изведен пред органите на правдата во нашата земја.

“Нема да чекаме да измине рокот од 40 дена за да го доставиме барањето за екстрадиција“, велат од Министерството за правда.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека многу брзо јавноста ќе биде запознаена со детали. Тој во интервју за телевизија Шења рече дека истрагата за случајот почнала предоцна, додавајќи дека има сериозни информации за да ги поткрепи неговите тврдења.

Истиот ден, во Брисел, премиерот Димитар Ковачевски ја пофали меѓународната поддршка за Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија во случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*