Шефот на дипломатијата: САД и Северна Македонија – заедно во поддршка на заедничките вредности

“Сметаме на континуираната поддршка од САД, и САД може да смета на Северна Македонија во промоцијата на заедничките вредности”, рече шефот на дипломатијата по средбата со американскиот државен секретар.

„Во врска со нашите билатерални односи и стратешкото партнерство, Северна Македонија беше првата држава од Западниот Балкан што потпиша почеток на стратешки дијалог со САД, што беше признавање за успехот на Северна Македонија како сојузници во НАТО, но и како успешна функционална мултиетничка демократија која е пример за останатите. За овој успех има два главни столба, поддршката од САД и нашата амбиција за членство во ЕУ. Сметам на вашата континуирана поддршка, а вие можете да сметате на нас во промоцијата на нашите заеднички вредности“, изјави шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

Блинкен и Османи дискутирале за актуелните случувања со војната во Украина и на Блискиот Исток и упати благодарност за македонското претседавање со ОБСЕ во ова критично време кога се нарушени основните принципи на организацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*