Претставникот на ЕУ: Лаврововата посета – Шанса за осуда на Русија и евроинтеграции

Високиот претставник за надворешна политика Жозеп Борел кој беше на неформалната вечера на министрите, рече дека доаѓањето на Лавров е добра прилика за него за да слушне зошто Русија е осудена и изолирана.

“Вашата одлука да дозволите Лавров да учествува е во согласност со нашата заедничка цел да го одржиме мултилатерализмот жив. Лавров треба повторно да слушне од сите зошто ја осудуваме Русија и зошто ја изолираме. Ова е добра прилика за него за чуе зошто Русија е осудена и изолирана и потоа ќе може да се врати во Кремљ и да му каже на господарот на Кремљ дека ОБСЕ и ЕУ остануваат обединети во осудувањето на незаконско и агресивното однесување на Русија”, изјави Жозеп Борел, висок претставник за надворешна политика на ЕУ.

Околу продолжувањето на евроинтегративниот пат на земјава, Борел нагласи дека треба да се исполнат условите во Собранието, што е пречка за продолжување со преговорите за полноправно членство.

Премиерот Ковачевски Утре ќе биде испратена покана за лидерска средба која ќе биде закажана за понеделник и ќе се разговара за евроатланските интеграции на земјата, за одржување на редовни претседателски и парламентарни избори и за измените на Изборниот законик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*