Министер за надворешни работи: Ниту една земја нема да отсуствува на ОБСЕ самитот

Нема земја која што ќе отсуствува на Министерскиот самит на ОБСЕ, инсистира минситерот за надворешни работи Бујар Османи.

“Тоа што најавија министрите од балтичките земји и украина е неприсуството на министрите за надворешни работи, но нивните делегации, со целосно право на одлучување, ќе бидат околу оваа маса овде во скопје. Мислам дека ако ги гледаме и слушаме нивните изјави од вчера, тоа беа силни изјави со поддршка кон нашето претседавање. Едноставно сакаат да дадат порака дека се против правото на Русија да донесува одлуки за иднината на обсе. Меѓутоа, тоа се правилата на организацијата”, рече Oсмани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*