Разделени реакции: Затворени булевари за ОБСЕ самит во Скопје

МВР од 09 до 10 часот утрово го затвори за сообраќај булеварот Илинден и околните сообраќајници, а полициските службениците го регулираа и пренасочуваа собраќајот по останатите булевари и улици по што се создаде метеж.

Ова беше генералната проба на Министерството за внатрешни работи за посебен сообраќаен режим за самитот на ОБСЕ кој ќе се одржи на 29ти 30ти ноември и 1 декември. Овој настан е најобезбедуван па поради тоа владата донесе одлука за затворање на некои булевари, како и прогласување на неработни денови.

Граѓаните со поделени мислења за владината одлука. Речиси една година трае подготовката за овој настан да помине во најдобар ред, како за организација така и за безбедноста на граѓаните велат од МВР. Амбулантите и болниците ќе работат континуирано и без прекин.

Здравствената заштита ќе се одвива континуирано и непрекинато за сите пациенти како и досега, и истата нема да влијае на достапноста на здравствена заштита на населението велат од министерство за здравство и додаваат дека се ангажирани дежурни лекарски екипи и друг медицински персонал со потребни простори и опрема за укажување на медицинска помош.

На 29ти и 30ти ноември за сообраќај ќе бидат затворени булеварот „Илинден“ од крстосницата со булеварот „Св.Климент Охридски“ до крстосницата со улицата „Љубљанска“, како и булеварот „8-ми Септември“ од крстосницата со улицата „Скупи“ до крстосницата со булеварот „Партизански Одреди“.

Со изменет сообраќаен режим ќе вози и јавниот градски превоз. Автобусите ќе возат по саботен возен ред, билетарниците во среда ќе работат од 6.30 до 13 часот, а во четврток нема да работат. Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*