Мицкоски: Нема потврда за датумот на изборите

Во интервју за Гласот на Америка (ВоА) македонски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека досега нема официјална потврда за датумот на изборите, ниту пак има потврда дали двата изборни процеси ќе бидат одржана истовремено. Тој го повторува својот став дека треба да има симултани избори.

Мицкоски го посочува почетокот на мај како потенцијална рамка за изнаоѓање решение. Запрашан за потенцијалните коалиции со блокот на етничките Албанци и за таканаречениот мајски договор, Мицкоски вели дека коалицискиот договор повеќе не важи затоа што ДУИ го прекршил, додавајќи дека и на опозицијата на етничките Албанци треба да и се даде шанса за коалиција.

Според Мицкоски, здраво и корисно е ДУИ да биде дел од опозицијата одреден временски период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*