Маргарита Цаца–Николовска: Предизвиците на Недоречениот Закон и Изборот на Членови во Судскиот Совет

Поранешната судијка во судот во Стразбур Маргарита Цаца Николовска смета дека мора да се надмине ситуацијата со актуелниот закон чија недореченост беше искористена при разрешувањето на Весна Дамева од претседателската позиција во советот.

“Тој не е стар закон, туку е релативно нов закон и за жал дел од тие препораки кои ги предлагавме кога се изготвуваше тој закон не влегоа. Последниците ги видовте во врска со постапката околу нелегалното разрешување на претседателот на Судскиот совет. Ќе се обидеме сега појако тоа да го презентираме, да го објасниме и да го внесеме во закон, за да не може да има оправдување ‘не е закон, закон е’, итн”, изјави Маргарита Цаца–Николовска – Поранешен судија во ЕСЧП во Стразбур.

Професорката на Правен, Ана Павловска Данева, смета дека треба да се прецизира начинот на избор на членовите на Советот, и од судиите и од редот на т.н истакнати правници, како и нивната одговорност.

Но и актуелниот состав на советот, според Данева, треба да понесе одговорност за досегашното работење а тоа може да се утврди врз основа на постоечкиот закон.

“Видовме дека всушност во овој момент не постои никаква одговорност ниту пак може да се спроведе одговорноста на член на Судски совет иако и постојниот закон предвидува одредени решенија”, изјави таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*