Крмов од Левица: Штетата од процесот е неповратна, Собранието ја губи својата улога

Материјалната штета во собранието ќе биде платена, но штетата од процесот со кој се укина парламентарна демократија е неповратна, вели пратеникот од Левица Борислав Крмов.

По вчерашниот инцидент во Собранието и најавата на спикерот Талат Џафери дека Левица ќе треба да ја плати направената штета, Крмов во емисијата „Тешки Муабети“ на Инфомакс, вели дека тоа не е проблем, и слободно да му ја пратат сметката, и нагласува дека во Собранието треба да има судир на идеи и повеќе политички опции, а не да биде како Влада.

“Слободно, тоа е најмалиот проблем. Ќе ја платиме штетата, но штетата од процесот кој што се случи е неповратна. Собранието, на еден начин се самоукина. Собранието сега е само обичен извршител на Владата и следната влада којашто ќе дојде на власт, практично веќе нема да има Собрание”, изјави Крмов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*