Бегај во Битола: Обединување на Политички Противници за Мир

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај денеска во Битола ги спои лутите политички противници од албанскиот блок, кои седнати еден до друг го слушаа неговиот говор на чествувањето по повод 115 години од Конгресот за албанската азбука.

Бегај и се заблагодари на Македонија што го одбележува овој значен датум за Албанците, порача дека и останатите соседи треба да се почитуваат меѓусебно.

На забелешката на новинарите, дека наместо поддршка, Македонија на европскиот пат има вето од Бугарија, а на Албнија и се заканува блокада од Грција, поради затворениот градоначалник ан Химара кој етнички Грк, Бегај сепак изрази оптимизам.

“Тоа што 22 ноември е национален празник во Македонија е непобитен доказ за добрите односи меѓу двете држави, а тоа треба да го направат и останатите соседи, да се почитуваат меѓусебно и да ги почитуваат симболите на народите. Го посакувам најдоброто за двата наши народи, се надевам на најкраток можен пат кон ЕУ и едно поубаво утре и просперитет на регионот. По природа сум оптимист, како што пред 115 години беа нашите преродбеници”, рече Бајрам Бегај, претседател на Албанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*