Членовите на судската администрација излегоа на нов протест

Судската администрација повторно на протест. Бара покачување на платите за 78 проценти, колку што добија избраните и именуваните функционери и редовна исплата на додатоците.

Побараа, пратениците да не го гласаат Буџетот сè додека нема пари и за нив. Согласно со новата методологија во општиот колективен договор, во септември ќе има ново покачување на платите на вработените во јавниот сектор, уверува министерката Тренчевска.

Вицепремиерот Битиќи, рече дека за да се зголемат платите во здравството, судството, обвинителството, ќе треба да се крати од пензиите и студентските оброци. Посочи, за повисока плата треба и квалитетни услуги. Информираше дека сè уште нема предлог за намалување на функционерските плати од работната група, бидејќи министерот за информатичко општество деновиве не бил во државата. Уверува дека до крајот на месецов мора да има некакво решение, затоа што се потребни законски измени кои треба да поминат во Собрание.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*