Сè уште не е познато дали Лавров ќе присуствува на настанот на ОБСЕ

Според Виенската конвенција, советот на ОБСЕ не е предмет на санкции. Така што ако Лавров дојде во Скопје тоа не значи дека нешто ќе се промени во нашите односи со Русија или пак ќе се промени геостратешката положба на Македонија, сметаат дел од аналитичарите. На Македонија и одговара да дојдат што повеќе политичари од висок профил.

Според информациите на Менкиновски, и министерот за надворешни работи на Израел ќе присуствува на министерскиот совет на ОБСЕ. Поради тоа, МНР треба да обезбеди посебни безбедносни протоколи за министрите и од Русија и од Израел.

И дел од правниците се на ставот дека шефот на руската дипломатија мора да присуствува на советот на министри на ОБСЕ. Доколку не го примиме тогаш ќе ја прекршиме Виенската Конвенција, но ќе испратиме и порака дека имаме непријателска реторика кон одредени држави, смета адвокатот Тони Менкиновски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*